Top Sport

Букмејкерите веруваат во петта титула за Хамилтон

Луис Хамилтон е фаворит за петта титула во 2018 година кај англиските обложувалници, кои исто така го поставија возачот на Мерцедес како 4/1 фаворит да биде прогласен за витез на Британската империја на Нова Година.

Хамилтон стана најуспешниот Ф1 возач во историјата откако ја освои четвртата титула по трката во Мексико Сити. Сега, букмејкерот „Вилијам Хил“ го постави Хамилтон како 15/8 фаворит за титулата, со Себастијан Фетел во Ферари на 3/1 и Макс Ферстапен во Ред бул на 10/3.

Во Формула 1 има неколку возачи кои станале „Сер“, како Стирлинг Мос, сметан за најдобар возач без светска титула и трикратниот шампион Џеки Стјуарт. Шефот на тимот на Вилијамс, Френк Вилијамс и ко-основачот на тимот, Патрик Хед, исто така ја имаат честа за успесите во мотоспортот.

Хамилтон засега е носител на МБЕ (член на британската империја), награда со помала вредност и беше во Бакингемската палата за да го прими признанието од кралицата Елизабета Втора.

„Би било навистина чест уште еднаш да отидам таму. Се обидувам да ја претставам Англија најдобро што можам. Ако кралицата го признае тоа би бил почестен“, вели Хамилтон.

Scroll to Top