Top Sport

Четири казнени поени доби Перез за инцидентите во Сузука

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез за инцидентите што ги предизвика на Големата награда на Јапонија доби четири казнени поени. ФИА сепак не реши да го казни Мексиканецот за наредната трка во Катар.

Перес се мачеше во текот на целиот викенд и ја започна трката од петтата стартна позиција. Веќе на стартот мораше да го замени предното крило.

Првата казна ја доби поради претекнувањето на Фернандо Алонсо кога излезе од боксот додека на патеката се наоѓаше безбедносно возило. Тој беше казнет со пет секунди и два казнени поени.

Вториот инцидент го предизвика Перез кога направи несреќа при обидот да го претекне Кевин Магнусен во 11. кривина. Утврдено е дека Перез е делумно виновен за овој инцидент бидејќи на позицијата на која се наоѓал немал право да влезе во тркачкиот простор на Магнусен.

Беше оценето дека „Перез не успеа безбедно и контролирано да претекне“ и за тоа е казнет со дополнителни пет секунди и два казнени поени.

Со овие четири казнени бода Перес стигна до седум, а доколку „заработи“ уште пет во следните 12 месеци ќе мора да пропушти една трка.

Foto/ EPA

Scroll to Top