Top Sport

Четврто, па машко – Берни стана татко на 89 години!

Британскиот милијардер и поранешен прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун стана татко по четврти пат на 89 години, откако неговата 44-годишна сопруга, Бразилката Фабијана Флоси се породи со син во Швајцарија.

Според швајцарските медиуми, Флоси се породила во малото село Интерлакен, а весникот „Блик“ објави дека новиот член на семејството го добил името Ејс. Еклстоун изјавил дека мајката и бебето се добро, велејќи дека е горд што добива син откако имаше три ќерки од претходните бракови.

„Беше смирено и убаво. Сè беше готово по 25 минути. Благодарам на Господа“, вели изјави Флоси.

Флоси е трета сопруга на Еклстоун, откако претходно беше во брак со Британката Ајви Бемфорд со која ја имаше 65-годишната ќерка Дебора, и Хрватката Славица Радиќ, со која има уште две ќерки, Тамара и Петра. Еклстоун, сепак, нема да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар татко, откако Индиецот Рамџит Рагав имал дете на 96 години пред да почине оваа година.

Берни беше шеф на Ф1 40-тина години пред да се повлече во 2017 година и заработи над 3 милијарди долари во кариерата. Тој се ожени со Бразилката Флоси во 2012 година, по што поголемо време поминуваше на нејзината плантажа за кафе во Бразил.

Scroll to Top