Top Sport

Чудно име за тркачки тим, Алфа Таури го смени името

Тимот на Формула 1 Алфа Таури го менува своето име и следната сезона ќе се натпреварува под името Виса Кеш Еп РБ (Visa Cash App RB).

Сестринскиот тим на Ред Бул под името Алфа Таури, во Формула 1 се натпреварува од 2020 година. Претходно од 2006 до 2019 година тимот го носеше името Торо Росо.

Во иднина ќе имаат прилично чудно име за тркачки тим и прашање е дали коментаторите воопшто ќе го користат истото затоа за голем број медиуми ова е најбесмисленото име на еден тим во историјата на спортот.

Австралиецот Даниел Рикардо и Јапонецот Јуки Цунода следната сезона ќе возат за Виса Кеш Еп РБ.

Тимот го најави претставувањето на болидот за следната сезона на 8 февруари.

Scroll to Top