По големата победа во Остин, Макс Ферстапен се врати во трката за шампионската титула во Формула 1.
Четирикратниот светски шампион, на пет трки до крајот на сезоната нима само 40 поени помалку од лидерот Оскар Пјастри. Возачот на Мекларен пред само четири трки имаше 104 поени повеќе од Холанѓанецот.
Ферстепен победи на три од последните четири трки, со огромна разлика во Италија, Азербејџан и Остин, додека беше втор во Сингапур зад Џорџ Расел. Дуото на Мекларен, Пјастри и Норис, се мачат од другата страна, а Макс е се поблиску.
„Шансата е тука“, рече Верстапен по победата во Тексас, нагласувајќи дека сега, за прв пат оваа сезона, отворено гледа реална можност повторно да ја освои титулата.
„Да ми го кажеше тоа некој пред само два месеци, ќе му кажев дека е идиот. Сепак, го подобривме автомобилот, подобро разбираме како функционираат работите и тоа е главната разлика.“
Мекларен признава дека конкуренцијата го зголемила темпото. Шефот на тимот, Андреа Стела, рече дека мора да се прилагодат на притисокот во финишот на сезоната.
Во шампионатот остануваат уште пет трки, а доколку Ферстапен ја освои титулата, тоа ќе биде еден од најголемите подвизи во историјата на најбрзиот караван.
Foto/ EPA