Top Sport

Дајмлер драстично ќе го намали буџетот на Ф1 тимот на Мерцедес

Генералниот директор на Дајмлер, Ола Калениус ги отфрли шпекулациите дека компанијата планира да го повлече Мерцедес од Формула 1 шампионатот, но потврди дека се планира драстично намалување на буџетот на тимот.

„Немаме причина да се повлечеме од Формула 1, исто како што Баерн Минхен нема причина да си замине од фудбалот. Финансиската обврска за настапување во Формула 1 ќе биде преполовена во следните три години, а ние имаме уште поагресивен план за намалување на трошоците во Ф1“, вели Калениус.

Формула 1 воведе ограничување на буџетот од 145 милиони долари следната сезона, сума која ќе биде намалена на 140 милиони долари во 2022 и 135 милиони долари во 2021.

Scroll to Top