Двократниот шампион, Карлос Саинс направи голема предност на Дакар релито на само две етапи пред крајот, откако триумфираше на скратената 10. етапа на трката во Саудиска Арбија.
Етапата од Харад до Шубајтах требаше да има 534 натпреварувачки километри во пустината Руб Ал Хали, меѓутоа поради временските услови, односно силниот ветер, организаторите ја скратија етапата по само 223 километри.
Ова беше доволно Саинс да стигне до победа и да ја зголеми предност пред актуелниот шампион, Катарецот Насер Ал-Атијах од 24 секунди на 18:10, додека третопласиран останува Стефан Петерхансел со 18:26 заостанување на само две етапи пред крајот на трката.
Двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо, кој беше 10. на стартот на етапата, повторно имаше малер, откако ја преврте својата Тојота по сасмо два километри, предизвикувајќи подолга пауза и возење без ветробран, по што заостана дури час зад Саинс и сега е 14. во генерален пласман.
Кај мотоциклистите, скратената етапа му припадна на Шпанецот Жоан Бареда пред лидерот во генерален пласман, Рики Бребек, кој сега има 25:44 предност пред Чилеанецот Пабло Квинтанилја.
Not a smooth start of the stage for @alo_oficial!
He dropped over 1h with an early crash and resumed driving without a windshield!
Live race updates ➡ https://t.co/qTNrMHIKg1#Dakar2020 pic.twitter.com/zZFh6gvbq5
— DAKAR RALLY (@dakar) January 15, 2020