Top Sport

Ненадиќ: Или промени во српскиот ракомет, или катанец на врата!

Петар Ненадиќ, кој неодамна беше прогласен за најдобар ракометар од страна на ЕХФ, а не беше дел од српската репрезентација која го заврши настапот на Европското првенство со три порази, вели дека е потребен нов селектор и големи промени.

„Кажав дека немам веќе сила. Во репрезентацијата доживеав и видов сè и сешто. Атмосферата беше добра, но освен Врањеш и Хасанефендиќ немавме вистински тренер. Сега сум во години во кои можам да дадам многу, имам и волја и желба, но дајте луѓе донесете вистински тренер за да почнеме да работиме. Вака веќе не оди. Нашите тренери мислат дека треба нив да ги викате, молите и бркате. Секој јануари иста приказна, секоја година со истите зборови и ништо не помага. За 15 години само двапати влеговме во втор круг“, вели Ненадиќ во интервју за „Спортски журнал“.

Тој додава дека нема проблем со селекторот Ненад Перуничиќ и дека не може да им се замери на ракометарите.

„Дали некој ќе преземе одговорност за пропаста на спрскиот ракомет? Сите возови поминаа, ние одамна сме на дното, а сега останавме во калта. Сите да преземат одговорност и да почнеме од почеток. Ако нема промени, тогаш катанец на врата за нашиот ракомет“, додава Ненадиќ.

Scroll to Top