Шведскиот автомобилист, Матијас Екстром, ја освои осмата етапа на релито Дакар. За возачот на ДТМ, ова е прва победа во кариерата на најпознатото светско рели. Оваа победа е втора за ДТМ на годинешното издание на релито, претходно третата етапа му припадна на Карлос Саинс.
Екстром, специјалот во должина од 400 километри го заврши на првото место, со предност од 49 секунди во однос на Стефан Петерхансел.
По оваа етапа, Себастијан Леб, успеа да ја намали предноста на лидерот во генералниот пласман Насер Ал-Атијах. Леб од предноста „скина“ седум минути и сега зад лидерот заостанува 37 минути и 58 секунди.
Ал-Атијах, поради механички проблеми, зад победникот Екстром задоцни 10 минути и ја заврши етапата на 11.место.