Кошмарна втора етапа за двајца кандидати за титулата во конкуренција на автомобили, Стефан Петерхансел (Ауди) и Себастијан Леб (Продрајв). Двајцата загубија многу време и реално останаа без реални шанси да се борат за титулата.
Денешната, брзинска етапа, со должина од 430 километри, ја освои минатогодишниот победник Насер Ал-Атијах (Тојота), кој на крајот го престигна лидерот Карлос Саинц (Ауди) за пет минути и пет секунди. Шпанецот го задржа водството во трката, но со нешто повеќе од две минути од Катарецот.
Петерхансел, кој има 14 победи на релито Дакар во кариерата, загуби преку 32 минути од Ал-Атијах и ја заврши етапата на 14. место. Леб задоцни час и 26 минути и на крајот го освои само 37. место. Во генералниот пласман сега е на 31. место со заостанување од еден час и 21 минута.
Ерик ван Лун (Овердрајв) го освои второто место на втората етапа, само 15 секунди зад Ал-Атијах. Успехот на Тојота го комплетираше Жинел Де Вилиер на петтото место.
Во конкуренција на мотоциклисти победи Американецот Мејсон Клајн кој вози КТМ. Второто место му припадна на Германецот Себастијан Билер Хиро Мотоспорт со заостанување од 69 секунди, додека третопласираниот Скајлер Хоувс од Хускварна беше за минута и 13 секунди побавен од победникот.
Клајн е и нов лидер во генералниот поредок со предност од 1:41 минута пред Австралиецот Тоби Прајс (Ред Бул КТМ), кој денеска го освои петтото место. На третото место е легендарниот Шпанец Хоан Бареда Борт (Monster Energy), со две минути и три секунди заостанување.
Во вторник е закажана третата етапа од Алула до Хаил во должина од 669 километри.