Возачот на Тојота, Бернхард Тен Бринке стигна до победа на 11.етапа на Дакар релито, додека колегите од Пежо, Карлос Саинс и Стефан Петерхансел ја задржаа статус кво ситуацијата во борбата за титулата, иако Шпанецот е поблиску до неа, посебно по повлекувањето на казната од 10 минути.
Холанѓанецот Тен Бринке ја доби етапата од 281 километри од Белен до Чилесито со 4:35 предност пред Сирил Деспре (Пежо), додека Саинс и Петерхансел го комплетираа топ 4.
Добрата вест за Саинс е враќањето на 10-те минути кои му беа одземени за инцидентот со квад возачот Кес Колен (за која тој најави тужба), откако тимот на Пежо достави нови докази преку податоците од телеметеријата на неговиот автомобил.
Кај мотоциклите, Тоби Прајс стигна до својата прва етапна победа на овогодишното рели, додека лидерот во генерален пласман, Матијас Валкнер ја заддржа предноста. Прајс по 280 километри беше за 1:38 пред Аргентинецот Кевин Бенавидес (Хонда) за своја осма победа во кариерата, со која шампионот од 2016 се искачи на третото место во генерален пласман по повлекувањето на Шпанецот Жоан Бареда.
Валкнер беше петти на етапата, и предаде 11 минути на колегата од КТМ Прајс, но останува точно 32 минути пред Бенавидес на три етапи до крајот, а Прајс заостанува 39:17.