Top Sport

Челси, едвај, преку пенали го мина Норич (видео)

Челси се пласираше во четвртото коло на ФА купот, откако дури по изведувањето на пенали успеа да го „скрши“ отпорот на Норич, откако во продолжението двајца играчи на „Сините“ добија црвени картони.

Мичи Батшуаи донесе водство за Челси по 55 минути игра, и кога изгледаше дека Челси веќе е во следната рунда, во 94. минута од мечот, Џамал Луис израмни на 1:1. По ова, во продолжението, Педро и Алваро Мората добија втори жолти картони и беа исклучени.

Во другите два меча, Свонси со 2:1 успеа да го совлада лидерот во Чемпионшип, Вулверхемптон, додека второлигашот Виган му ја влоши сезоната на Бурнемаут со убедлива 3:0 победа.

ФА КУП, 3.КОЛО, ПОВТОРЕНИ НАТПРЕВАРИ

Челси – Норич 1:1, 5:3 на пенали

Свонси – Вулверхемптон 2:1

Виган – Бурнемаут 3:0

Scroll to Top