Top Sport

Дали Ф1 болидите во 2021 ќе изгледаат вака? (галерија)

На Интернет се појавија дизајните на Формула 1 болидите од 2021 година, со многу различен изглед од сегашните, по новите промени на правилата.

Болидите се во „деветтиот“ стадиум на дизајн, така што не се работи за завршен проект, но даваат добар изглед на тоа што би можеле да видиме на патеките. За 2021 година, новите сопственици „Либерти медија“ сакаат да направат голем број на промени на правилата за да може да се направи поинтересно тркање, најмногу со дизајнерско решение со кое претекнувањето ќе биде полесно.

Сепак, за да има вакви дизајни, актуелните Формула 1 тимови треба да се согласат на плановите на „Либерти медија“ околу ограничувањето на буџетите, и насоката во која треба да се оди со технолошкиот развој.

Scroll to Top