Top Sport

Розберг: Макс Ферстапен е еден голем нарцис

Поранешниот светски шампион, Нико Розберг, за разлика од многу Ф1 фанови, не е импресиониран од возачот на Ред бул, Макс Ферстапен, опишувајќи го како „нарцис“.

Ферстапен со својот метеорски раст во последните три сезони предизвика многумина да го посочат како идеален пример на новата генерација на Ф1 возачи, со бескомпромисност на патеките и страст за тркањето. Но, Розберг, во разговор со шефот на Тото Волф на сопствениот подкаст, не се согласува.

„Ако во речник го погледнете зборот нарцисоиден, таму ќе го најдете Макс Ферстапен. Тоа функционира кај него бидејќи има талент и е успешен. Да си нарцисоиден понекогаш ти дава сила. Но, навистина му недостасува самокритика. Кога ќе ја направи истата грешка шест пати, седмиот пат се однесува исто“, вели Розберг.

Волф застана во одбрана на Холанѓанецот.

„Има дел од неговиот живот кој не го гледаме, како односот со неговиот татко. Мислам дека Јос му дава директни насоки и не го ограничува. Затоа Макс се однесува самоуврено, на граница на арогантно. Но, да не заборавиме, колку е тој млад. Кога ќе биде повозрасен, ќе биде позрел“, вели Волф.

Scroll to Top