Top Sport

Де Вилиер со победа, Петерхансел со уште поголемо водство

Јужноафриканскиот ветеран на Тојота, Жиниел де Вилиер по лошиот старт на Дакар релито 2021, победи на петтата етапа, додека легендарниот Стефан Петернхансел ја зголеми предноста пред Насер Ал-Атијах.

Де Вилиер беше само 22. во генерален пласман по првите четири етапи, но доминираше на 456 километри долгата специјална етапа од Ријад до Ал-Каисума во Саудиска Арабија, за своја 17-та етапна победа. Тој имаше максимална предност од 7 минути, но на крајот заврши 58 секунди пред сонародникот Брајан Барагванат (Сенчри).

Французинот Петерхансел (Мини) заврши како трет со 2.25 зад Вилиер, но 13-кратниот победник беше 2 минути пред Ал-Атијах (Тојота), кој победи на претходните три етапи. Петерхансел, без победа на етапа, има предност од 6:11 пред Ал-Атијах, додека Карлос Саинс заостанува дури 48 минути и 11 секунди.

Кај мотоциклистите, Аргентинецот Кевин Бенавидес стана шестиот лидер во шест дена на релито, победувајќи на петтата етапа со својата Хонда, за да направи 2:31 предност пред Французинот Ксавиер Де Султра и 3:42 предност пред Чилеанецот Хозе Игнасио Корнехо.

Scroll to Top