Top Sport

Деби победа за Ал-Раџи, Петерхансел останува лидер

Ветеранот на Тојота, Јазид Ал-Раџи, усепа во финишот да го помине лидерот Стефан Петерхансел за да ја забележи својата прва победа во кариерата на Дакар релито, на седмата етапа од Хаил до Сакаки во Саудиска Арабија.

Петерхансел беше лидер во поголемиот дел од 453 километри долгата етапа, првиот дел од дводневната маратонска етапа, каде што тимовите немаат дополнителна помош и имаше максимална предност од 4:15. Но, проблемите во финишот на етапата, дозволија Саудиецот Ал-Раџи да стигне до победа со 48 секунди предност.

Петерхансел, и покрај механичките проблеми, заврши 27 секунди пред Карлос Саинс Јуниор, додека најблискиот ривал на 13-кратниот шампион Петерхансел, Насер Ал-Атијах заврши речиси 3 минути зад победникот. Деветкратниот рели ВРЦ шампион, Себастиен Леб, откако на шестата етапа поради скршена суспензија падна од 10. на 54. место во генерален пласман, повторно налета на проблеми и  уште ја нема комплетирано етапата.

На пет етапи пред крајот, Петерхансел има 7:53 предност пред Ал-Атијах и покрај тоа што нема етапна победа. Саинс заостанува дополнителни 41:06, а другите возачи над еден час.

Кај мотоциклите, актуелниот шампион, Американецот Рики Бребек стигна до својата прва етапна победа, а неговиот колега од Хонда, Хозе Игнасио Корнехо стана нов лидер на трката пред ривалот од КТМ, Тоби Прајс.

Бребек имаше две минути предност пред Корнехо за 1-2 победа на Хонда, додека Скајлер Хаус беше трет. Корнехо сега има предност од само една секунда пред Прајс, додека трет во генерален пласман е Сем Сандерленд со 2:11 заостанување.

Scroll to Top