Top Sport

Дејмон Хил: Ферстапен е лош губитник

Макс Ферстапен, светскиот шампион во Формула 1, имаше прилично нервозен викенд на Големата награда на Азербејџан. Тој во саботата беше трет на спринтерската трка, а втор на главната трка во неделата.

Не само што недолично се однесуваше кон Џорџ Расел, кого исто така го навредуваше, туку и го изрази своето незадоволство поради спринтерскиот викенд, кој го смета за сосема погрешен.

Светскиот шампион од 1996 година, Британецот Дејмон Хил упати голем број критики кон Холанѓанецот.

„Макс беше надвор од патеката цел викенд, нели? Тој не си помогна со тоа што беше толку долу во спринтерската трка. Имам чувство дека нешто се случува со Макс во моментов, тој зборуваше дека не сака да вози откако ќе наполи 30 години. Чудно, нели? Зошто сега зборува за тоа?, вели Хил.

Тој го обвини Макс дека е „лош губитник“ откако повика да се укинат спринтерските трки.

„Поентата е дека Макс беше победен од тимскиот колега и ривал за титулата, Серхио Перез, а сега разликата е намалена на 13 поени. Сигурен сум дека Макс е совршено љубезен човек и добар човек, но кога сте „жешки“ во галвата во конкурентна ситуација, потребно е многу да се контролирате и да не дозволите тоа да ескалира. Го видовме тоа и претходно со Себастијан Окон по една трка, кога влезе во расправија и го оттурна“, заклучи Хил.

Ферстапен има шанса да направи пресврт следниот викенд на Флорида каде ќе се обиде да ја забележи третата победа сезонава по триумфите во Бахреин и Мелбурн.

Scroll to Top