Поранешниот светски шампион Дејмон Хил го испофали сопственикот на Астон Мартин Ф1, Лоренс Строл за неговото градење на силен Формула 1 тим со што им покажал на сите како се прави тоа во овој спорт.
Канадскиот милијардер Строл го купи тимот на Форс Индија летото 2018 година, кога беше предмет на потсмев дека купил тим само нговиот син Ленс Строл да има каде да вози, но инвеститорот покажа дека е сериозен, прво стабилизирајќи го преименуваниот Рејсинг поинт како сигурен тим во средината на тимот, градејќи нова модерна фабрика, и ангажирајќи искусни инженери и дизајнери (повеќето од Ред бул).
Ова се покажа како успешен проект, откако Фернандо Алонсо го освои третото место на Бахреин ГП трката, победувајќи ги возачите на Мерцедес и Ферари. Хил е импресиониран.
„Лоренс ги стави парите каде што беше потребно и состави тим додека сите му велеа: ‘Ајде Лоренс, знаеш дека ќе загубиш пари, одиш во бизнис кој не го познаваш’. Но, тој им ги затна устите. Состави силен тим, силен болид. Го имаат Ден Фелоус, поранешниот главен човек во Ред бул и тој знае да прави болиди. Тие успеаја да ги фрлат во сенка Мерцедес со Луис и Џорџ. За нив е посебно срамотно, бидејќи беа победени од болид кој го има истиот мотор. Тие ги надминаа сите очекувања и може да чекаат шанса за победа оваа сезона, иако борба за титула е малку преголем залак“, вели Хил.