Top Sport

Дејвид Култард е „шампион над шампионите“ (видео)

Поранешниот Ф1 возач на Мекларен и Ред бул, Дејвид Култард е победник на Трката на шампиони, откако го совлада поранешниот ВРЦ шампион Петер Солберг во финалето на стадионот „Крал Фахад“ во Ријад, Саудиска Арабија, победувајќи го 2:0.

Шкотланѓанецот го победи Норвежанецот во првата трка со Еуро НАСКАР автомобил за половина секунда пред, во следната трка со Вул 05 машина да победи со предност од 1.7 секунди. Ова е втора победа за него по триумфот во Барбадос во 2014, а овојпат до неа стигна без пораз.

Култард го победи деветкратниот шампион од 24 часа Ле Ман, Том Кристенсен во полуфиналето, додека Солберг, кој сега настапува во Реликрос шампионатот иако најави кам-бек во ВРЦ, го совлада својот тимски колега Јохан Кристоферсен во второто полуфинале.

Во саботата до тимската титула дојдоа Германците со ДТМ шампионот Рене Наст и двократниот шампион од 24 часа Ле Ман, Тимо Бернхард.

Scroll to Top