Top Sport

Мајсторија на Нејмар, ПСЖ гази (видео)

Пари Сен-Жермен се врати на 11 поени предност пред Марсеј на врвот на француската Лига 1,  откако Нејмар со спектакуларен гол од слободен удар ја потврди 0:3 победата на гостувањето кај Лил.

Парижаните дојдоа во водство во финишот на првото полувреме, кога Нејмар упати нафрлување во шестнаесетникот кон Единсон Кавани кој беше во офсајд, по што дефанзивците на Лил ја вратија топката кон Јури Берчиче, кој не згреши.

Најспектакуларниот момент на мечот дојде во 77. минута, кога ПСЖ доби слободен удар на работ на шестнаесетникот, а Нејмар го најде аголот на голот со спектакуларен удар, што е негов 350 гол во кариерата, спектакуларна бројка, ако се земе во предвид дека тој има 25 години (во понеделник полни 26). Џовани Ло Селсо во 87. минута од мечот со прекрасен лоб-удар смести трет гол во мрежата на Мајк Мањан.

ПСЖ има 62 поени на врвот на табелата, 11 повеќе од Марсеј (кои вчера со 6:3 го совладаа Мец), додека Лил ги очекува борба за опстанок – тие се на 17. место со 25 поени.

Scroll to Top