Top Sport

Диксон со победа во првата трка од Индикар серијата

Скот Диксон стигна до својата 47. победа во кариерата откако триумфираше на Џенесис 300 во Тексас во саботата, во првата трка од новата Индикар сезона, чиј старт беше одложен три месеци поради корона вирусот.

Додека најголемите американски спортови (НБА, МЛБ, НХЛ и МЛС) работат на продолжување на сезоните, автомобилистичките трки веќе одамна се вратени, откако НАСКАР уште пред две недели ја имаше првата трка.

Петкратниот шампион, Новозеланѓанецот Диксон водеше 157 од 200 кругови на трката во Тексас за да се доближи на само пет победи до второто место во историјата на кое е Марио Андрети. Трката, која обично се оддржува пред 135 илјади гледачи, овојпат се одвиваше пред празни трибини.

Scroll to Top