Top Sport

Алвеш: Барса беа како Мухамед Али во финалето на ЛШ во 2015

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Дани Алвеш ги спореди перформансите на Каталонците во финалето на ЛШ во 2015 против Јувентус со борба на Мухамед Али.

Барселона, тогаш под водство на Луис Енрике, стигна до втората тројна титула во историјата на клубот, победувајќи го италијанскиот шампион со 3:1 во Берлин со головите на Иван Ракитиќ, Луис Суарез и Нејмар.

„За противник имавме многу физички силни противници и знаевме дека ќе можеме да победиме само ако ја контролираме топката. Не е важно колку е силен противникот, кога го тераш да трча по тебе и се уморува. Моментот кога го спуштија гардот, беше момент за напад. Бевме како Мухамед Али: Лебдевме како пеперутка, но боцкавме како пчела. Се сеќавам речиси на сè за тоа финале, бидејќи беше навистина посебно. Луѓето мислеа дека не можеме да освоиме тројна титула и навиваа за нашите противници. Меѓутоа, ние секогаш бевме подготвени“, вели Алвеш.

Scroll to Top