Top Sport

Џејмс Ки ќе биде новиот технички директор на Мекларен

Техничкиот директор на Торо росо, Џејмс Ки ќе биде нов лидер на тимот на Мекларен, кој продолжува со реорганизацијата по четвртата катастрофална сезона во низа.

Иако Мекларен не го потврдија ова, повеќето специјализирани Ф1 медиуми објавија дека договорот со Ки е направен иако не е јасно кога тој ќе почне со својата работа. Главниот инженер на Мекларен, Мет Морис, од друга страна заминува од тимот, како трето големо име, откако главниот технички шеф за шасијата Тим Гос замина во април, а тркачкиот директор Ерик Булие овој месец.

46-годишниот Ки долго време е сметан за еден од најталентираните инженери во Ф1. Тој ја започна кариерата со Џордан во 1998 година, останувајќи во тимот кога беше преименуван во Мидланд, Спајкер и Форс Индија, каде што беше и технички директор. Ки во 2010 замина во Заубер, помагајќи да се „крене“ тимот по заминувањето на БМВ, пред во 2012 година да дојде во Торо росо, каде што се најде пред предизвикот да води тим со лимитирани ресурси.

Scroll to Top