Top Sport

Боатенг: Јас ќе бидам Роналдо за Сасуоло, ми фалат само 500 голови

Кевин-Принс Боатенг пристигна во Серија А, откако потпиша договор со Сасуоло, и самиот си постави предизвик – да биде Кристијано Роналдо за малиот италијански тим.

Боатенг, кој доаѓа од Ајнтрахт Франкфурт, и Роналдо се преселија во Италија оваа сезона, и Боатенг вели дека сличноста со петкратниот освојувач на „златната топка“ е голема.

„Дали јас сум Кристијано Роналдо на Сасуоло? Можеби да, но ми недостасуваат само 500 голови. Би сакал да го победам, но прво мораме да го победиме Јувентус, кои имаат и други фантастични фудбалери. Не можам да го направам тоа сам“, изјави Боатенг за „Скај спортс Италија“.

31-годишниот Боатенг, кој дојде на слободен трансфер во Сасуоло, веќе има постигнато пет гола во два пријателски мечеви за тимот на Роберто де Церби.

Scroll to Top