Top Sport

Џек Милер најбрз во хаосот на „Леман“

Џек Милер – мотоциклистот на Дукати вторпат во низа сезонава победува на трка од Мото ГП натпреварувањето. Милер попладнево беше најбрз на трката за Големата награда на Франција што се возеше на дождливата патека „Леман“.

Токму дождот направи вистински хаос меѓу мотоциклистите, а Австралиецот најдобро се снајде и прв мина низ целта.
На второто место денеска се пласираше Французинот Жоан Зарко, додека место на подиумот имаше за уште еден Французин – Фабио Квартараро.


Водечки во генералниот пласман е Бањаиа, втор е Квартаро, додека трет е Вињалес.

Scroll to Top