Top Sport

Џеки Стјуарт: Не сум сигурен дека Хамилтон е подобар возач од Фетел

Легендата на Формула 1, Сер Џеки Стјуарт вели дека силата на тимот на Мерцедес е клучна во успехот на Луис Хамилтон, велејќи дека неговиот британски сонародник е „многу среќно момче“ што е во „сребрената стрела“, додавајќи дека не е сигурен дека тој е подобар возач од Себастијан Фетел.

34-годишниот Хамилтон освои четири од последните пет титули во Ф1, губејќи само од својот колега Нико Розберг во 2016 година. Мерцедес продолжуваат со доминацијата и оваа сезона, победувајќи 1-2 на првите три трки од сезоната.

„Мерцедес посветија многу средства и донесоа многу талентирани специјалисти. Илјадници луѓе работат за Хамилтон и Ботас да возат такви болиди, многу побрзи од Ферари и од конкуренцијата. Тоа е одлично за нив, но мора да се смени. Потребни се Ферари, потребни се Ред бул, нови тимови. Луис е многу среќно момче што е во таква позиција. Тој направи вистински трансфер во Мерцедес. Секако, тој е добар возач, но дали е подобар од Себастијан Фетел? Или дали е исто добар како Фернандо Алонсо, Алан Прост, Џим Кларк, Аиртон Сена, Михаел Шумахер или Џеки Стјуарт? Којзнае? Не можете да го оцените тоа“, вели Стјуарт.

Scroll to Top