Top Sport

Јунајтед со фантастичен дрес ќе ја одбележува „тројната“ титула од 1999

На Интернет „протече“ новата верзија на домашните дресови на Манчестер јунајтед следната сезона, со кои се оддава почит на славната „тројна“ сезона од 1999, кога ја освоија титулата од Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите.

Дресот на „Адидас“ го одбележува враќањето на Оле Гунар Солскјер во клубот, бидејќи токму неговиот гол во 93. минута во финалето на ЛШ против Баерн Минхен за освојување на титулата.

На дресот ги има датумите на трите трофеи – 16.05.1999 (Премиер лига), 25.05.1999 (ФА куп) и 26.05.1999 (Лига на шампиони). Покрај тоа, има и црни „лентички“ на кои има 90+1 и 90+3, минутите во кои Теди Шерингам и Солскјер ги постигнаа головите против Баерн.

Логото на дресот исто така е сменето со црно и злато со штит околу него, слично на дресот кој се носеше во сезоната 1999 година.

Scroll to Top