Top Sport

Џенсон Батон повторно стана светски шампион (видео)

Светскиот шампион во Формула 1 од 2009 година, Џенсон Батон повторно е шампион, откако ја комплетираше својата дебитантска сезона во Супер ГТ шампионатот со титула.

Батон и неговиот колега Наоки Јамамото ја завршија трката во Мотеги на третото место за да ја освојат титулата во ГТ500, и Британецот е првиот возач со титула во деби сезоната по 13 години, а неговиот тим „Кунимицу Нисан“ ја освои првата титула кај конструкторите од 2011 година.

Батон и Јамамото ја освоија титулата со три поени предност пред двоецот на „Томс Лексус“, Ник Кесиди и Рио Хиракава, кои трката ја завршија на четвртото место.

„Овој шампионат е еден од најтешките на светот, и тоа го велам откако бев во Ф1 толку години.  Последната титула ја освоив пред девет години, така што редно беше пак да сум шампион. Оваа титула мене ми вреди исто како таа во Ф1“, изјави 38-годишниот Батон.

Scroll to Top