Top Sport

Аталанта го „прегази“ Интер и покрај легендарната утка на Иличиќ (видео)

Аталанта успеа да ја прекине победничката низа на Интер, триумфирајќи со 4:1 во Бергамо, за да ги оддалечи „нераѕурите“ од лидерите во Серија А, Јувентус.

Ханс Хатебер уште во 9. минута најави дека Аталанта оди на победа на мечот со тимот кој има седум победи во низа во Италија, откако се најде на вистинското место и ја смести топката во голот на Хандановиќ по убава акција.

Аталанта доминираше во првото полувреме, откако Папу Гомез само минути по првиот гол го примора Хандановиќ да ја вади топката од гол-линија, а Иличиќ во 22. минута имаше неверојатна утка за која многу ќе се зборува.

Казната за пропуштените шанси на тимот од Бергамо дојде во 47. минута од удар од белата точка, кој Мауро Икарди го изведе без проблем. Меѓутоа, Аталанта не се предаде – Џанлука Манчини во 62. минута пак ги донесе во водство, пред во финишот на мечот, во 88. минута, Берам Џимсити да зголеми на 3:1. „Сол на раната“ постави капитенот Папу Гомез со гол во 94 минута.

Со поразот, Интер останува на третото место со 25 поени, шест помалку од Јувентус (кој гостува на Милан вечерва), додека Аталанта е шеста со 18 поени.

Фото: ЕПА

Scroll to Top