Џенсон Батон се повлече од легендрната трка на издржливост 24 часа Ле Ман за да помине повеќе време со својата бремена девојка Бритни Ворд, која треба да се породи наскоро.
Ф1 шампионот од 2009 година лани победи во Супер ГТ серијата на 24 часа Ле Ман, но СМП Рејсинг нема голем успех во главната ВЕЦ трка, каде што доминира Тојота, тимот на Фернандо Алонсо. Батон заврши како трет во Шангај минатата година, но вели дека сега се фокусира на приватниот живот.
„Уживав во тркањето со СМП рејсинг и беше убаво да се биде на подиумот, но сега е време да поминам малку време дома со мојата свршеница, која е бремена, наместо да потрошам две недели во Ле Ман. Одлуката беше полесна бидејќи сите знаеме дека Тојота се непобедливи во моментов“, вели Батон.
Батон ќе биде заменет од Штофел Фандорне, човекот кој го замени во Ф1 во тимот на Мекларен кога тој се пензионираше. Белгиецот остана без место во Ф1 откако Мекларен ги ангажираа Лендо Норис и Карлос Саинс Јуниор.
24 часа Ле Ман оваа година се оддржува на 15 јуни.