Top Sport

Судијата Турпен жртва на кражба на идентитет, мафијата шверцувала дрога со негов автомобил!

Еден од најдобрите француски фудбалски судии, Клеман Турпен, кој ја делеше правдата на мечот Ајакс-Јувентус е жртва на кражба на идентитет во Франција, откако без негова вина беше вмешан во скандал со шверцување дрога.

Според „Л’Екип“, мафијата успеала да регистрира „Рено Лагуна“ на името на Турпен и со неа да прошверцува голема количина на дрога помеѓу Белгија и Франција. Според изворите на весникот, мафијашите го користеле неговото име за „забава“ и поради тоа што биле фудбалски навивачи.

Дилерот на дрога А.Мунир е уапсен на 10 декември во Париз заедно со уште тројца луѓе, и обвинети се за трговија со канабис, а кај нив било пронајдено и големо количество оружје, како и 650.000 евра во кеш.

Турпен вели дека ова е уште еден доказ дека професијата фудбалски судија е многу опасна.

„Јас не живеам во Ноиси-ле-сек, ниту имам станови и дворци таму. Без моја волја сум вмешан во случајот, но ова е уште еден доказ дека да си фудбалски судија е опасно“, изјавил судијата.

Scroll to Top