Top Sport

Џентлменството не е мртво, Сандерленд ја доби победата откако застана да помогне на ривалот

Асот на Пежо, деветкратниот ВРЦ шампион, Себастиен Леб доминираше на најдолгата петта етапа на Дакар релито, додека лидерот Насер Ал-Атијах го зголеми водството пред Стефан Петерхансел.

Леб ги комплетираше мерените 519 километри од Тасна до Арекипа за помалку од пет часа за своја втора етапна победа на релито. Во најдолгата етапа досега, Катарецот Ал-Атијах во Тојота загуби само 10 минути од Леб, и сега има 40 минути предност пред Французинот.

Надежите на Ал-Атијах за трет триумф на славното рели се зголемија откако неговиот најблизок ривал, 13-кратниот шампион Петерхансел имаше проблеми во финишот со своето Баги, губејќи речиси 15 минути за да остане 25 минути зад Ал-Атијах во генерален пласман.

Во пласман на мотоцикли, Британецот Сем Сандерленд беше „промовиран“ во победник на петтата етапа, откако застана на сред трка да помогне на еден повреден мотоциклист. Французинот Ксавиер де Султре на Јамаха помина прв на целта, додека Сандерленд (КТМ) беше само 14. со 7:29 заостанување.

Меѓутоа, 29-годишниот Сандерленд загуби повеќе од 10 минути откако се симна од мотоциклот да му помогне на Португалецот Пауло Гонсалвес, кој ја повреди главата при пад во 155. километар од трката. Ова е петти пат Гонсалвес да се откаже од релито поради повреда.

Организаторите решија да му ги вратат 10-те минути, со што Сандерленд стана победник со 3:23 предност.

Во генерален пласман, Американецот Рики Бребек останува лидер пред Чилеанецот Пабло Квинтанилја со 2:52, додека Австралиецот Тоби Прајс е трет со 3:21 послабо време. Сандерленд е седми со 11 секунди заостанување.

Scroll to Top