Top Sport

Севилја го потврди доаѓањето на Мунир

Севилја го потврди договорот со шпанските шампиони Барселона за потпис на напаѓачот Мунир Ел Хадади во петокот.

На 23-годишниот шпански интернационалец договорот му завршуваше на крајот на сезоната, и на крајот тој заминува во Андалузија за само 1 милион евра. Мунир имаше 12 гола во 56 настапи за Барселона откако влезе во првиот тим под Луис Енрике во 2014 година, но претходните две сезони ги помина како позајмен фудбалер во Валенсија и Алавес.

Севилја исто така потврди дека од Ајакс доаѓа 20-годишниот австриски дефанзвиец, Макс Вобер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top