Top Sport

Џордан: Хамилтон стана многу „мек“, нема агресивност и ароганција како Ферстапен

Поранешниот шеф на Ф1 тим, Еди Џордан, вели дека Луис Хамилтон ја загубил својата агресивност и ароганција, што на крајот придонесе Макс Ферстапен да ја искористи шансата и да стане светски шампион во Ф1.

Холанѓанецот ја освои својата прва титула на најдраматичен можен начин вчера, поминувајќи го Хамилтон во последниот круг од контроверзната трка во Абу Даби, и Џордан, кој од 1991 до 2005 водеше тим во Ф1, вели дека главната причина е тоа што Хамилтон станал „премногу фин“.

„Најголемата грешка која ја направи Луис е тоа што стана премногу фин. Сите знаеме дека фините момци не освојуваат титули. Мораш да ја имаш потребната агресивност и арогантен стил кој Луис го имаше во минатото. Во последните недели и години, тој отвори шанса за некој како Макс Ферстапен. Тој никогаш не се тркал со некој од негов калибар, бидејќи никогаш не сме виделе таков возач – толку моќен и арогантен кога се трка. Тој му дозволи на Ферстапен да дојде до шанса и ја искористи“, вели Џордан.

Scroll to Top