Top Sport

Отаменди и неговото семејство жртви на брутален грабеж

Аргентинскиот фудбалер на Бенфика, Николас Отаменди и неговото семејство биле жртва на брутален грабеж во нивниот дом, во кој четири маскирани лица го врзале со каиш на вратот пред да го примораат да им го предаде пленот, тврдат португалските медиуми.

Грабежот се случил во нивниот дом во Ароеира, во близината на Лисабон, неколку часа по вчерашниот меч на Бенфика, во кој со 4:1 го победија Фамалисао. Португалските медиуми тврдат дека тој бил фатен кога пристигнал дома, по што бил истепан, и со каиш врзан на вратот бил внесен во дневната соба каде што биле неговата сопруга и неговиот син.

33-годишниот Отаменди направи трансфер во Бенфика од Манчестер сити во септември 2020, откако одигра над 200 меча за „граѓаните“ освојувајќи две титули од Премиерлигата. Ова лето тој беше дел од аргентинската репрезентација која го освои Копа Америка.

Scroll to Top