Top Sport

Иванишевиќ го напушта Ѓоковиќ, станува Дејвис куп капитен на Хрватска?

Горан Иванишевиќ наскоро ќе ја прекрати соработката со Новак Ѓоковиќ за да стане капитен на Дејвис куп репрезентацијата на Хрватска, тврдат хрватските медиуми.

Хрватската тениска федерација е во потрага за нов тренер по разочарувачкиот настап во финалето на Дејвис купот во Мадрид, каде што тимот го предводеше Франко Шкугор, а Ѓоковиќ запрашан за свое мислење, вели дека не би било проблем поранешниот шампион од Вимблдон да се реши на таков потег.

„Убаво е да се чујат такви информации. Немам ништо против и природно е Хрватска да сака Горан да им биде селектор. Тој ја има мојата поддршка“, изјави Ѓоковиќ.

Scroll to Top