Top Sport

Додека делел автограми, на Леклер му украле часовник од 320.000 евра

Актуелниот лидер во шампионатот во Формула 1, Шарл Леклер, е ограбен во Тоскана. Часовник вреден фантастични 320.000 евра бил украден од раката на возачот на Ферари.

Според италијанските медиуми, голем број навивачи го опколиле Леклер, а додека возачот даваше автограми и се фотографираше со публиката, некој од толпата ја искористил шансата и му го симнал скапоцениот часовник од раката.

Полицијата во Тоскана веднаш поведе истрага за случајот, но крадецот се уште не е пронајден.

Scroll to Top