Францускиот Формула 1 возач на Алфа Таури, Пјер Гасли во неделата ја имаше својата најдобра трка оваа сезона, освојувајќи го деветтото место на Шпанското ГП, но во меѓувреме во неговиот дом во Руен, Нормандија влегле крадци.
24-годишниот Гасли потврди дека од неговиот дом биле украдени скапи часовници, тркачки кациги, облека и накит.
„Некои луѓе се едноставно безвредни, без почит и достојни за презир“, напиша Гасли на социјалните мрежи барајќи секој кој има информации да се јави во локалната полиција.
— PIERRE GASLY ?? (@PierreGASLY) August 17, 2020