Top Sport

„Докторот“ летоска ќе одлучи дали сезонава му е последна во Мото ГП

Деветкраниот светски шампион во Мото ГП, Италијанецот Валентино Роси вели дека се уште не одлучил дали оваа, 26-та сезона во Мото ГП шампионатот ќе му е последната во кариерата. Легендарниот „доктор“ вели дека летоска ќе донесе одлука по ова прашање.

„Сакам да помине пола сезона, затоа што мојата одлука ќе зависи од резултатот. Ако бидам јак и се борам за подиуми и победи, ќе продолжам уште една година, ако не, тогаш ќе кажам збогум. Не сум загрижен, знам дека имам долга кариера“ истакна Роси.

Италијанецот оваа сезона ќе вози за „Петронас Јамаха“ и одвај чека да почне новата сезона затоа што сака да ги поправи лошите резултати во минатите две години.

„Ова е важна сезона за мене по минатите кои не беа онакви какви што очекував. Ќе се обидам да се борам за победи. Се надевам дека сезоната ќе е нормална, дека ќе возиме на различни патеки, а целта е да сме конкурентни од почетокот до крајот“ рече Роси.

Овогодинешната сезона во Мото ГП започнува на 28 овој месец со трката за Големата награда на Катар.

Scroll to Top