Top Sport

Работнички застана на патот на Шкендија, Шкупи профитираше од Кратово

Скопски Работнички одигра нерешено 0-0 против лидерот на табелата во ПМФЛ, тетовска Шкендија на денешниот меч од 21. коло одигран на нашиот најголем стадион во Скопје.

Во натпревар без многу шанси „Романтичарите“ иако го диктираа темпото, не успеаја да слават против тетовскиот тим ниту во деветтиот меч во низа на свој терен. Денешниот меч беше 11-ти на кој Работнички ги дели бодовите со противникот.

Киксот на лидерот на табелата го искористи екипата на Шкупи, па со голот на Алварез „чаирчани“ ги собраа трите бода од Кратово, од дуелот против Силекс, 0-1.

На првата победа во новата средина се радуваше Александар Васоски. Тој со својата Академија Пандев славеше триумф од 2-1 на домашен терен во Струмица против Македонија ЃП.

На останатите денешни дуели од ПМФЛ, Ренова со убедливи 3-0 славеше против подмладениот Вардар, Пелистер ги освои трите бода кај Струга Трим Лум со 1-0, а во Велес, Борец ја победи Беласица со 2-1.

По 21 одиграно коло од домашниот шамионат вака изгледа табелата:

Шкендија 46, Шкупи 40, Македонија Ѓ.П. 35, Струга 32, Работнички и Борец по 29, Вардар 26, Пелистер 25 Силекс 23, Ренова 22, Академија Пандев 21, Беласица 12.

Фото: ФК Работнички

Scroll to Top