Хорхе Лоренцо тврди дека не ја видел пораката на таблата на стартно-целната линија со инструкција да го пушти колегата од Дукати, Андреа Довициозо да го помине и да триумфира на Малезиското ГП.
Довициозо го победи Лоренцо за 1-2 триумф на Дукати и за задржување на теоретските шанси за титула – останува 21 поен зад Марк Маркез во Хонда, откако Шпанецот беше четврти.
Лоренцо беше во водство откако го помина Јохан Зарко во деветтиот круг, но набргу доби порака на таблата на стартно-целната рамнина – „препорачано мапирање 8“, нешто за што италијанскиот тим подоцна призна дека е инструкција да го пушти Довициозо. Водството не се смени до 16. круг, кога Лоренцо направи грешка во последната кривина.
„Искрено, не видов ништо. Бев фокусиран на следната кривина бидејќи на дожд не смеете да ја загубите концентрацијата. Не би лажел за тоа. Ми кажаа по крајот на трката. Знаев дека треба да го пуштам Дови и без да ми кажат. Знаев дека е важно за светската титула“, вели Лоренцо, за кого ова е најдобар пласман по трансферот од Јамаха на крајот на минатата сезона.
*THAT* moment where @lorenzo99 lost the #MalaysianGP and @AndreaDovizioso kept the championship dream alive! pic.twitter.com/9MnA0xJMAm
— MotoGP™??? (@MotoGP) October 29, 2017
Довициозо пак, вели дека победата не носи големо задоволство, бидејќи уште мисли на грешката од претходната трка, кога заврши на 13. место дозволувајќи му на Маркез да направи голема предност.
„Во тркањето, секој си прави сопствен резултат. Лесно е да се каже – во Асен бев петти, а можев да сум трет. Шампионатот е ова – тоа што секој го направил во текот на сезоната. Не се чувствувам среќно поради победата, бидејќи немаме големи шанси во следната трка. Марк имаше неверојатна сезона и ако ја освои титулата значи бил најдобар цела сезона“, вели Довициозо.