Андреа Довициозо викендов во родната Италија ќе ја вози јубилејната 300 трка во кариерата. Во интервју за „Motogp.com“, Дови открил кои му се омилените три трки.
„Не е лесно да се издвојат три од 300 трки. На првото место му е победата овде во Муџело, во 2017 година. Беше тоа важна победа поради начинот на кој ја остваривме.
Следната е победата над Лоренцо и Баутиста во класата 250 пред 12 години. Тоа беше сјајна борба се до последниот свиок.
И уште една е онаа над Марк Маркез во Австрија, во 2017 година. Беше убаво“, рекол Довициозо.
Возачот на Дукати, пред трката во Муџело, се наоѓа на второто место во генералниот пласман о 87 бода, осум помалку од лидерот Марк Маркез.