Top Sport

Довициозо: Лоренцо е многу чуден човек

Андреа Довициозо вели дека неговиот колега на заминување, Хорхе Лоренцо е „чуден човек“ по последните несогласувања на двајцата возачи.

Шпанецот Лоренцо ќе се приклучи на Марк Маркез во Хонда во 2019 година, по две турбулентни сезони покрај Довициозо во фабричкиот тим на Дукати во кои освои три победи. Двајцата имаа „немирни“ односи посебно оваа година, кога во Малезија влегоа во „војна на зборови“. Запрашан да ги опише двете години со Лоренцо, Довициозо вели дека било „интересно“.

„Првата сезона помина како што очекував – Хорхе ја засили мојата позиција во Дукати бидејќи потврди дека моите резултати не се случајни. Секој има свои карактеристики, исто како Хорхе. Тој е чуден човек, има свои сили и свои слабости, а оваа година не беше лесно посебно бидејќи кога стана побрз, атмосферата стана потензична. Да се загуби од Марк е поинаку отколку да се загуби од Лоренцо“, вели Италијанецот во интервју за „Аутоспорт“.

Дукати ќе го промовира Данило Петручи од сателитскиот Прамак тим како замена за Лоренцо и Дови инсистира дека тоа нема да го смени неговиот стил.

„Секогаш кога ќе почне сезоната, целта е да се освои титулата, без разлика дали е Хорхе или Данило до мене“, вели Довициозо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top