Top Sport

Финк: Шаќири е ист како Меси!

Поранешниот германски фудбалер, а сега тренер на Грасхоперс, Торстен Финк го испофали својот поранешен фудбалер на Базел, Џердан Шаќири, споредувајќи го фудбалерот на Ливерпул со Лионел Меси.

Финк признава дека единствен проблем на швајцарскиот репрезентативец е работната етика, за што беше критикуван и порано, но на талентот нема што да му се замери.

„Ако работи професионално, тој може да биде најдобриот фудбалер на Ливерпул. Кристијано Роналдо напорно работеше да стигне до каде што е во моментов, но Меси го имаше тоа од почеток, тој талент. Исто и Шаќири. Има талент, а ако работи подобро ќе биде најдобар на светот. Мора да има цел да игра постојано. Тој е умен фудбалер и вистинско задоволство е да се работи со него. Играше одлично и како лев бек, но секогаш имаше желба да оди во напад. Многу е креативен и знае да направи нешто со што ќе те изненади. Експлозивен играч“, вели Финк.

Шаќири дојде во Ливерпул од Стоук за 13 милиони фунти и иако нема постојано место во тимот, неговите игри импресионираат. Тој имаше асистенција до Мо Салах за важната 1:0 гостинска победа против Хадерсфилд, а асистираше и како замена во 1:1 ремито со Челси, пред да постигне голови во дуелите со Кардиф и со Фулам.

Scroll to Top