Top Sport

Довициозо на крајот на сезоната си заминува од Дукати

Андреа Довициозо нема да остане во тимот на Дукати следната сеона, потврди неговиот менаџер Симоне Батистела.

Довициозо се приклучи на Мото ГП тимот на Дукати во 2013 година, и беше еден од луѓето кои го развиваа мотоциклот за да станат врвен тим, со 13 победи од 2016 до 2020 година и второто место во генерален пласман во последните три сезони.

Се верува дека италијанскиот тим не е подготвен за „големи имиња“ во својот тим за да се намалат трошоците поради последиците од корона кризата, додека Довициозо не бил подготвен да прифати многу помиска плата. Шефот на Дукати, Давиде Тардоци изјави дека ќе прегобараат по трката во Австрија следниот викенд, но во саботата Батистела потврди дека нема договор.

„Им објаснивме на Дукати дека Андреа не планира да го продолжи договорот. Тој сака да се фокусира на тековната сезона, но не постојат услови за да продолжи. Ние во основа не добивме предлог за следната сезона“, вели Батистела.

Единствен фабрички мотоцикл кој му е достапен на Довициозо е Априлија, така што е веројатно тој да паузира во исчекување на подобар договор или да се пресели во Супербајк шампионатот.

Scroll to Top