Top Sport

Арсенал го даваат Гендузи за да ја добијат ѕвездата на Лион, Хусен Ауар

Лион ја одбиле првичната понуда на Арсенал за Хусем Ауар, а француските медиуми тврдат дека има нова понуда за замена со Матео Гендузи плус пари за младиот фудбалер од средниот ред, кој импресионираше оваа сезона.

22-годишниот фудбалер од средниот ред е на „радарот“ на повеќе европски клубови по одличните партии во Лигата на шампионите, а Микел Артета смета дека се работи за фудбалер кој му е многу потребен на „топчиите“.

Според „Л’Екип“, Лион го ценат Ауар за над 50 милиони евра, сума која е нереално да се достигне дури и од Премиер лигата. Арсенал од друга страна сакаат да се ослободат од Гендузи ова лето поради дисциплинските проблеми.

Scroll to Top