Дукати ја продолжи доминацијата и во квалификациите за трката за Големата награда на Арагон. Четворица од најбрзите шест, на денешните квалификации возат Дукати. Пол-позицијата ја освои победникот на последните четири трки, возачот на фабричкиот тим, Пеко Бањаја.
Италијанецот, ја освои пол-позицијата со рекорд на патеката 1:46.069 минути. Второто место му припадна на неговиот колега Џек Милер. Од првиот ред ќе стартува и Енеја Батијанини.
Актуелниот светски првак и лидер во генералниот пласман, Фабио Квартараро, трката ќе ја започне од шестата позиција, пред него на стартот од трката ќе бидат Алеиш Еспаргаро и Жоан Зарко.
Трката за Големата награда на Арагон, во недела ќе започне во 14 часот.