Челниците на патеката во Силверстон, Велика Британија, биле подготвени сезонава да организираат две трки во првенството на Формула 1. Сезоната во Формула 1, поради коронавирусот, се уште не е започната.
Досега се откажани сите трки од почетокот на сезоната, а организаторите на трката во Монте Карло соопштија дека оваа година нема да се вози Големата награда на Монако.
Се шпекулира дека шампионатот во Формула 1 може да започне со Големата награда на Франција на патеката „Пол Рикард“.
„Имаме целосна доверба во нашиот тим и знам дека ова можеме да го организираме на врвно ниво. Имаме многу искуство, знаење, сигурен сум дека можеме овде да организираме две трки“, рекол директорот Стјуарт Прингл.
Трката за Големата награда на Велика Британија треба да се вози на 19 јули.