Top Sport

Еден-два за „Мерцедес“ на дождливиот Хунгароринг

Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, ги освоија првите две позиции, пред утрешниот старт на трката за Големата награда на Унгарија.

Лидерот во генералниот пласман и неговиот колега најдобро се снајдоа во тешките временски услови што дождот ги создаде на патеката во последната квалификациска сесија.

foto: epa

Возачите на Мерцедес, во последниот летечки круг ги надминаа колегите од Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел. Тие утре ќе стартуваат од вториот ред.

Хамилтон во Унгарија ја освои 77.пол-позиција во кариерата, а неговиот најбрз круг на Хунгароринг изнесуваше 1:35.658 минути. Тимскиот колега Ботас задоцни за 260 илјадити делови од секундата.

Дождот кој започна да паѓа, на почетокот на втората квалификациска сесија, добро го искористија возачите на Торо Росо, Пјер Гисли и Брендон Хартли кои ќе стартуваат од шестото односно осмото место.

foto: epa

Пред Гисли, на петтото место е Карлос Саинц на рено, седми стартува Макс Вестапен на Ред Бул, додека петтиот стартен ред им припадна на возачите на Хас, Кевин Магнусен и Роман Грожан.

Scroll to Top