Top Sport

Еклстон се обложува на Ферстапен за нов шампион во Ф1

Утре во Џеда се вози претпоследната сезонска трка во шампионатот, а поранешниот сопственик на Формула 1 – Берни Еклстон има свој фаворит.

„Долго го чекавме ова. Поради тоа навивачите гледаат Ф1. Ферстапен и Хамилтон се многу конкурентни на свој начин, двајцата имаат свој стил. Навивачите сакаат да ја гледаат нивната борба“ вели Еклстон во интервју за германски „РТЛ“.

На прашање дали има фаворит за титулата, Берни вели дека се обложува на Холанѓанецот:

„Се надевам дека нема да ги загубам парите. Сите со кои разговарав се надеваат дека Ферстапен ќе е шампион. Убаво ќе е да се види некој друг да ја освои титулата“ смета тој.

Еклстон се надева дека сепак прашањето на победникот во генерален пласман ќе се случи на последната трка, во Абу Даби.

Scroll to Top